Горан Сугарески е нов директор на Царинската управа. На денешната владина седница од директорската функција на Царина е разрешен Ѓоко Танасоски, а на негово место е назначен Сугарески.
Сугарески во претходниот владин состав беше министер за транспорт и врски. По парламентарните избори лани летото, на негово место за министер беше именуван Благој Бочварски.
На денешната владина седница, Кети Василеска е именувана за вршител на должностa директор на Државниот управен инспекторат, орган во состав на Министерството за информатичко општество и администрација.
Владата го разгледа предлогот на Управниот одбор на Јавната установа Национален Парк Галичица, Охрид, за разрешување на Васко Паскали од должноста директор на Установата по поднесена оставка поради извршување друга функција и го разреши од должноста директор на негово барање. За вршител на должност директор на установата го именуваше Александар Миљовски.
Владата на седницата го именуваше Исамедин Азизи, научен соработник – доцент во Институтот за национална историја, за член на Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.