ТУБИСТОТ МИЦКО ДАМЊАНОВСКИ НОВ УМЕТНИЧКИ ДИРЕКТОР НА ОПЕРАТА

    ТУБИСТОТ МИЦКО ДАМЊАНОВСКИ НОВ УМЕТНИЧКИ ДИРЕКТОР НА ОПЕРАТАДамњановски од 2007 е во Оркестарот на НОБ. (Фото: НОБ)

    Тубистот Мицко Дамњановски е нов уметнички директор на Операта, објави Националната опера и балет (НОБ). Дамњановски доаѓа на местото на диригентката Бисера Чадловска, која беше уметнички раководител од септември 2017 година.

    Дамњановски во 2002  дипломирал на Факултетот за музичка уметност, отсек – туба, а магистрирал 2006 на Кралскиот конзверваториум за музика во Брисел, Белгија, отсек – туба. Пред вработувањето во Оркестарот на НОБ во 2007, кратко време работел во Бриселската филхармонија.

    Постојан член е на меѓународниот оркестар за снимање филмска музика ФАМЕС, соработник на сите помали и поголеми оркестри формирани за посебни намени („Биг бенд“, Дувачки оркестар, Градски оркестар и други, како и гостин тубист во Нишкиот симфониски оркестар, Национална опера-Тирана, Црногорски симфониски оркестар. Во 2019 го основал „Брасстет Скопје“, со кои настапувале на Охридско лето и на други фестивали во земјава.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира