ХОЛАНДСКАТА ВЛАДА ЌЕ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПОРАДИ СКАНДАЛОТ СО ДЕТСКИ ДОДАТОК КОЈ ОШТЕТИ ИЛЈАДНИЦИ СЕМЕЈСТВА

    ХОЛАНДСКАТА ВЛАДА ЌЕ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПОРАДИ СКАНДАЛОТ СО ДЕТСКИ ДОДАТОК КОЈ ОШТЕТИ ИЛЈАДНИЦИ СЕМЕЈСТВАПремиерот Руте ќе му ја предаде на кралот оставката на целиот свој кабинет (Фото: ЕПА)

    Холандската влада објави дека ќе поднесе колективна оставка откако илјадници семејства биле погрешно обвинети за измама со детски додаток и им било кажано да ги вратат парите.

    Семејствата претрпеле невидена неправда, заклучија пратениците, останувајќи во немилост на даночниците, политичарите, судиите и јавните службеници. Повеќето од семејствата биле со мигрантско потекло, а стотици потоа се соочиле со финансиски проблеми. Скандалот почна во 2012 година и бројот на вклучени родители би можел да биде 26.000.

    Премиерот Марк Руте ќе му ја предаде на кралот оставката на целиот свој кабинет, јавуваат холандските медиуми. Се очекува владата да продолжи да ги извршува обврските до март, кога ќе се одржат парламентарни избори.

    Ова не е прва колективна оставка на холандската влада. Ваков случај имаше и во 2002 година поради извештај во кој министри и војската беа критикувани дека не успеале да го спречат масакрот на муслиманите во Сребреница.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира