ТРЕВОГА ЗА ВООРУЖЕНИ ПРОТЕСТИ ПРЕД ИНАУГУРАЦИЈАТА НА БАЈДЕН ВО СИТЕ 50 ДРЖАВИ НА САД

    ТРЕВОГА ЗА ВООРУЖЕНИ ПРОТЕСТИ ПРЕД ИНАУГУРАЦИЈАТА НА БАЈДЕН ВО СИТЕ 50 ДРЖАВИ НА САДГолем дел од Вашингтон ќе биде блокиран пред инаугурацијата во среда, со илјадници војници на Националната гарда. (Фото: АП)

    Сите 50 американски држави и Областа Колумбија (ДЦ) се во состојба на готовност за можни насилни протести викендов, пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден во среда. Илјадници војници на Националната гарда се испратени во Вашингтон, за да спречат какво било повторување на смртоносните немири од 6 јануари.

    ФБИ предупреди на можни вооружени маршеви од приврзаниците на Трамп кон сите 50 државни собранија.
    ФБИ и другите федерални агенции предупредија на можни насилства, бидејќи белите расисти и другите екстремисти сакаат да ја искористат фрустрацијата меѓу приврзаниците на Трамп кои ја прифатија неговата лаги за изборни измами.

    Денешниот ден се очекува да биде и посебен фокус на протестите, откако во објавите на протрампистите и крајно десничарските мрежи има повици на вооружени демонстрации.

    Голем дел од Вашингтон ќе биде блокиран пред инаугурацијата во среда, распоредени се илјадници војници на Националната гарда.

    Многу улици – на неколку милји од Капитол, местото на смртоносни немири на 6 јануари – се блокирани со бетонски прегради и метални огради. Националниот плоштад, кој обично е преполн со илјадници луѓе за инаугурациите, е затворен по барање на Тајната служба – агенцијата задолжена за заштита на претседателот.

    Тимот на Бајден веќе ги замоли Американците да избегнуваат патувања во главниот град за инаугурацијата поради пандемијата со ковид-19. Локалните власти рекоа дека луѓето треба да го следат настанот од далеку.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира