Триесет и шестгодишно лице е најмладиот починат пациент од ковид-19 од 15-те во изминатото деноноќие, а регистрирани се 356 нови случаи на ковид-19 од 1.906 тестирања, соопшти Министерството за здравство.
Починати се уште петмина пациенти од Скопје (65, 64, 82, 60 и 66), еден од Куманово (73), двајца од Тетово (78 и 61г), еден од Прилеп (69), еден од Кавадарци (73), еден од Кичево (51), еден од Крива Паланка (79), еден од Делчево (46) и еден пациент од Кратово (59). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Во Скопје се регистрирани 171 нов случај, во Куманово-12, Тетово-19, Прилеп-15, Гостивар-6, Штип-7, Битола-4, Велес-10, Охрид-20, Струмица-8, Кавадарци-19, Струга-10, Кочани-2, Кичево-10, Свети Николе-1, Гевгелија-3, Неготино-3, Ресен-3, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Берово-4, Делчево-3, Пробиштип-7, Виница-3, Демир Хисар-1, Кратово-1, Крушево-4, Македонска Каменица-1, Демир Капија-1, Пехчево-2.
На Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава лежат 610 болни и има околу 603 празни болнички кревети во Ковид-центрите.
Институтот за јавно здравје регистрира 587 оздравени пациенти од: Скопје-426, Куманово-18, Тетово-7, Прилеп-12, Гостивар-14, Штип-8, Битола-11, Велес-13, Струмица-13, Кавадарци-19, Кочани-6, Кичево-8, Свети Николе-1, Гевгелија-2, Неготино-2, Крива Паланка-8, Радовиш-6, Берово-3, Пробиштип-5, Валандово-1, Богданци-2, Кратово-1 и Пехчево-1.
Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата се 89.817, оздравени се 75.387, починати се 2.754, а активни случаи се 11.676.
Од вчера се евидентираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 39024, активни 6767
• Куманово 5062, активни 429
• Тетово 4994, активни 463
• Прилеп 4497, активни 269
• Гостивар 3552, активни 308
• Штип 3454, активни 166
• Битола 3178, активни 219
• Велес 2980, активни 307
• Охрид 2684, активни 387
• Струмица 2487, активни 360
• Кавадарци 2430, активни 365
• Струга 2162, активни 185
• Кочани 1704, активни 116
• Кичево 1681, активни 151
• Свети Николе 1062, активни 48
• Гевгелија 957, активни 117
• Неготино 948, активни 155
• Дебар 725, активни 106
• Ресен 715, активни 116
• Крива Паланка 708, активни 66
• Радовиш 679, активни 50
• Берово 571, активни 52
• Делчево 541, активни 157
• Пробиштип 489, активни 35
• Виница 479, активни 43
• Валандово 325, активни 23
• Демир Хисар 242, активни 14
• Македонски Брод 239, активни 14
• Богданци 214, активни 30
• Кратово 210, активни 14
• Крушево 196, активни 37
• Македонска Каменица 190, активни 48
• Демир Капија 180, активни 37
• Пехчево 177, активни 15
• Дојран 81, активни 7
Направените 1.906 теста се преку: ИЈЗ-468, ЦЈЗ Скопје-48, Авицена-183, Биотек-134, МАНУ -120, Жан Митрев (Филип Втори)-83, Систина со ПЦР метода -166, лабораторија Лаор –52, Судска медицина-9, ЦЈЗ Битола-60, Инфективна клиника-5, ГАК-0, Синлаб-38, Ремедика-16, лабораторија болница Козле-19, ЈЗУ (рапид тест) -504, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 437.267 тестирања на ковид -19.