Силвана Бонева од Државната изборна комисија за шест месеци земала 12.000 евра за патни трошоци, објави агенцијата Мета повикувајќи се на телевизија „АлсатМ“.
Бонева изјавила дека исплатата е според законот. „Сè е исплатено согласно законот“, вели Бонева.
ДИК од декември до јуни на нејзините членови за патни трошоци им исплатила вкупно 25.000 евра.
По Бонева, најмногу пари земал Атанас Урумов кој е од Гевгелија и добил 6.800 евра. Бедредин Ибраими, кој доаѓа од Тетово, зел 3.000 евра, Субхи Јакупи од Гостивар – 2.000 евра. Реџеп Прекопуца добил 500 евра, Игор Милев – 370 евра, а Александар Чичаковски потрошил 150 евра. Виолета Дума и Сашо Срцев не зеле пари за патни трошоци.
Силвана Бонева беше на удар на јавноста и претходно, кога медиумите објавија дека како пратеничка за само една година, за патни трошоци зела 23.000 евра.