250 УАПСЕНИ ПО ВЧЕРАШНИТЕ НЕРЕДИ ВО ХОЛАНДИЈА ПОРАДИ ВОВЕДУВАЊЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС

    250 УАПСЕНИ ПО ВЧЕРАШНИТЕ НЕРЕДИ ВО ХОЛАНДИЈА ПОРАДИ ВОВЕДУВАЊЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАСНајжестоки протести се видени во Ајндховен, каде што се палеа автомобили (Фото: АФП)

    Холандскиот премиер Марк Руте ги опиша вчерашните протести против новите коронамерки, што се одржаа во повеќе градови низ земјата, како „криминално насилство“.

    Околу 250 луѓе се приведени по вчерашните нереди кои уследија како одговор на владината одлука да воведе полициски час во земјата, што се случува за првпат од Втората светска војна.

    „Не очекувавме протестите да бидат толку насилни во сите градови“, изјави Вилем Вулдерс од националната полиција.

    Во Амстердам се уапсени 190 лица, а во Ајндховен 62 и Вулдерс кажа дека ова се само првични бројки.

    „Протестите немаа никаква врска со борбата против коронавирусот. Тоа беше криминално насилство и така и ќе го третираме. Полициски час е неопходен и вирусот е тој кој нѐ лишува од нашата слобода“, изјави Руте.

    Најжестоки протести се видени во Ајндховен, каде што се палеа автомобили и имаше судири со полицијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира