РУСКИ ОЛИГАРХ ИЗЈАВИ ДЕКА Е СОПСТВЕНИК НА ПАЛАТАТА ОД 1,3 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ, ЗА КОЈА НАВАЛНИ ТВРДИ ДЕКА Е НА ПУТИН

    РУСКИ ОЛИГАРХ ИЗЈАВИ ДЕКА Е СОПСТВЕНИК НА ПАЛАТАТА ОД 1,3 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ, ЗА КОЈА НАВАЛНИ ТВРДИ ДЕКА Е НА ПУТИНРаскошната палата се наоѓа иа имот од 17.691 квадратен метар, што е 39 пати поголемо од Монако (Фото: Јутјуб) 

    Рускиот олигарх Аркадиј Ротенберг изјави дека тој е сопственикот на раскошната палата на брегот на Црно Море, а не Владимир Путин, како што тврди притворениот опозиционер Алексеј Навални.

    Видеозаписот за огромната палата, објавен од Навални, се прошири на интернет и досега е прегледан над 100 милиони пати. Путин ги отфрли извештаите дека палатата е негова.

    Ротенберг, милијардер со тесни врски со Путин и негов бивш спаринг партнер во џудо, денеска излезе во јавност со тврдењето дека е сопственик на палатата.

    Аркадиј Ротенберг е и бивш спаринг партнер на Путин во џудо (Фото: Гети)

    „Постигнав договор со кредиторите пред неколку години и потоа станав корисник на имотот. Тој ќе биде довршен во наредните години и треба да стане хотелски комплекс“, кажа Ротенберг.

    Тој се огласи ден пред најавените нови протести во Русија против притворањето на Навални, чиј тим во почетокот на месецот објави филм за палатата, за која се вели дека вреди 1,3 милијарди долари и дека била платена со „најголемото мито во историјата“. Палатата се наоѓа на имот од 17.691 квадратен метар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира