Живко Мукаетов едногласно доби уште еден мандат и во наредните четири години ќе биде претседател на Ракометната федерација на Македонија.
Генералниот директор на „Алкалоид“ дојде на чело на македонскиот ракомет во 2013 година, на местото на Михајло Михајловски и на денешното изборно собрание со акламација од присутните делегати му беше доверен трет мандат. Тој беше и единствениот кандидат за претседател, откако сите домашни ракометни клубови во изминатиот период му изразија поддршка.
Откако Мукаетов е претседател на РФМ, машката ракометна репрезентација нема пропуштено ниедно големо натпреварување, настапувајќи на пет светски и четири европски првенства.