ШВАЈЦАРИЈА НЕ ЈА ОДОБРИ ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА „АСТРАЗЕНЕКА“ ЗАШТО НЕ Е СИГУРНА КОЛКУ Е КВАЛИТЕТНА

    ШВАЈЦАРИЈА НЕ ЈА ОДОБРИ ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА „АСТРАЗЕНЕКА“ ЗАШТО НЕ Е СИГУРНА КОЛКУ Е КВАЛИТЕТНАНеколку држави од ЕУ кажаа дека нема да ја даваат вакцината на „АстраЗенека“ на лица постари од 65 години (Фото: Ројтерс)

    Швајцарија го одложи одобрувањето на вакцината против ковид-19 на Оксфорд и „АстраЗенека“ поради тоа што нема доволно податоци за безбедноста, квалитетот и ефективноста. Таа во исто време кажа дека нарачала неколку милиони дози од друг производител.

    Европската Унија неодамна ја одобри оваа вакцина, но неколку држави, како Германија, Италија и Франција, кажаа дека нема да ја даваат на лица постари од 65 години, зашто не е доволно испитана за таа возрасна група.

    Швајцарија, која има нарачано 5,3 милиони дози од „АстраЗенека“, соопшти дека ги чека резултатите од тестирањата во Северна и Јужна Америка, во кои учествуваат десетици илјади луѓе, откако претходните истражувања не дале јасни податоци дали таа делува на стари лица.

    „Откако ќе ги добиеме резултатите, за брзо време ќе ја одобриме вакцината. Моментално не можеме да донесеме позитивна одлука“, објави швајцарската агенција за лекови „Свисмедик“.

    Вакцината на Оксфорд и „АстраЗенека“ е веќе одобрена во 50-ина земји и тие тврдат дека таа дава 76-процентна заштита три месеци после првата доза, што се зголемува со втората доза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира