НАЈСТАРИОТ ОСКАРОВЕЦ КРИСТОФЕР ПЛАМЕР ПОЧИНА НА 91 ГОДИНА

    НАЈСТАРИОТ ОСКАРОВЕЦ КРИСТОФЕР ПЛАМЕР ПОЧИНА НА 91 ГОДИНАПламер доби Оскар за споредна машка улога во 2012 на 82 години. (Фото: Академија за филмска уметност и наука)

    Оскаровецот Кристофер Пламер, најпознат по улогата на капетан Вон Трап во „Звукот на музиката“, почина на 91 година во неговиот дом во Конектикат. Прославениот канадски актер, кој имаше и импресивна театарска кариера, доби Оскар за најдобра машка споредна улога во 2012 за филмот „Почетници“ кога имаше 82 години и останува најстариот добитник на оваа награда, а имаше и две номинации во 2010 и во 2018.

    Последната номинација беше за филмот „Сите пари на светот“, кога го замени Кевин Спејси, откако режисерот Ридли Скот беше принуден да му врачи отказ на Спејси поради неговиот секс-скандал со малолетник пред 30 години.

    „Крис беше исклучителен човек кој длабоко ја сакаше и почитуваше својата професија, со оние старомодни манири, хумор на своја сметка и музиката на зборовите“, реле Лоу Пит, негов долгогодишен пријател и менаџер во период од 46 години.

    „Тој беше национално богатство. Преку неговата уметност и хуманост, тој ги допре нашите срце и неговиот исклучителен живот ќе ги моивира идните генерации“, рече Пит.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира