ВИКЕНДОВ ИМАЛО 12.000 ПОСЕТИТЕЛИ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНА

    ВИКЕНДОВ ИМАЛО 12.000 ПОСЕТИТЕЛИ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНАДиректорот Галетановски очекува пролетва со отворањето на Дино паркот во еден викенд да има по 20.000 посетители. (Фото: Зоо)

    Над 12.000 посетители викендов биле во скопската Зоолошка градина. Директорот на Зоолошката Ѓорѓи Галетановски вели дека оваа е рекордна бројка за месец февруари во споредба со минатите години.

    „Покрај домашните гости, викендов имаше голем број посетители и од соседството. Во градината се почитуваат протоколите за ковид-19 и не е дозволен влез без маски. Очекувам пролетва со отворањето на Дино паркот во еден викенд да имаме нов рекорд од 20.000 посетители“, вели Галетановски.

    Дино паркот ќе се отвори за посетители за петнаесетина дена. Галетановски вели дека во моментов просторот хортукултурно се уредува и штом екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ завршат со садење зеленило и дрвца, посетителите ќе можат да ги видат диносаурусите.

    Во паркот ќе има 41 модел на диносаурус во природна големина, со можност за синхронизирани движења и испуштање звуци. Ќе се плаќа посебна карта која ќе чини 50 денари.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира