ЈУЖНА АФРИКА ЈА ОДЛОЖИ ИМУНИЗАЦИЈАТА СО ВАКЦИНАТА НА „АСТРАЗЕНЕКА“ ЗАШТО НЕ ДЕЛУВА ПРОТИВ НОВИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУС

    ЈУЖНА АФРИКА ЈА ОДЛОЖИ ИМУНИЗАЦИЈАТА СО ВАКЦИНАТА НА „АСТРАЗЕНЕКА“ ЗАШТО НЕ ДЕЛУВА ПРОТИВ НОВИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУСЕдно истражување покажало дека вакцината дава минимална заштита против благи и умерени случаи на ковид-19 (Фото: АП)

    Јужна Африка ја одложи имунизацијата со вакцината на Оксфорд и „АстраЗенека“ откако едно истражување покажало дека таа има разочарувачки резултати против новиот сој на коронавирус што се појави во оваа земја. Научниците велат дека на новиот сој отпаѓаат 90% од новите случаи на зараза во земјата.

    Истражувањето, во кое учествувале 2.000 луѓе, покажало дека вакцината дава минимална заштита против благи и умерени случаи на ковид-19. Јужна Африка нарача еден милион дози од „АстраЗенека“ и требаше оваа недела да почне со вакцинирањето. Во меѓувреме, владата ќе обезбеди вакцини од „Фајзер“ и „Џонсон енд Џонсон“.

    „За жал, вакцината на ‘АстраЗенека‘ не делува против благи и умерени форми на болеста. Учесниците во истражувањето беа на просечна возраст од 31 година, па не можеме да кажеме каква е нејзината ефикасност во спречувањето на посериозни облици на ковид-19“, изјави професорот Сабир Мади, кој го водеше истражувањето.

    Сара Гилберт, главниот научник за развој на вакцини во Оксфорд, тврди дека нивната вакцина штити од сериозна болест, додавајќи дека подоцна оваа година ќе развијат модифицирани верзии.

    Раните резултатите покажале дека вакцините на „Модерна“ и „Фајзер“ штитат од јужноафриканскиот сој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира