ВО СКОПЈЕ ДНЕВНО ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ ПО 1.380 ЛИЦА

    ВО СКОПЈЕ ДНЕВНО ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ ПО 1.380 ЛИЦАУтре ќе биде пуштена во употреба веб страницата на која сите граѓани ќе можат да се пријават за вакцинација.(Фото:К.Попов)

    По 1.380 граѓани дневно ќе се вакцинираат во Скопје, а 2.500 вкупно во земјава. Во пунктовите во поликлиниките дневно ќе можат вакцина против ковид-19 да примат 880 лица, а во пунктот во Клиничкиот центар уште 500. Министерот Венко Филипче смета дека овој капацитет е доволен за спроведување на првата фаза со која ќе бидат опфатени медицинските лица, но најавува проширување на пунктовите со цел поголем број граѓани да бидат вакцинирани.

    „Засега се пријавени 4.000 здравствени работници од кои 2.000 се од Скопје. Сега се фокусиравме на нив и имаме соодветни пунктови за вакцинација на оваа бројка пројавени. Спремни сме да го надградиме системот, гледавме примери од други земји, но не сакавме да избрзаме. Постои можност да направиме и проширување на пунктовите во модуларните болници кои сега се празни бидејќи пациентите се лекуваат на инфективните одделенија во болниците“, рече министерот за здравство Венко Филипче при посета на Поликлиниката Бит пазар.

    Утре ќе биде пуштена во употреба веб страницата на која сите граѓани ќе можат да се пријават за вакцинација, а системот ќе ги одреди термините според приоритетните групи.

    Вакцинацијата во земјава ќе стартува со кинеската вакцина, за која вчера беше потпишан договор за набавка на 200.000 дози. Кога ќе стасаат вакцините уште не се знае. Министерот Филипче денеска кажа дека ‘за многу кратко време ќе го знаеме датумот кога ќе стигнат во земјава‘.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира