Џо Бајден ја укина националната наредба која Доналд Трамп ја користеше за финансирање на изградбата на ѕидот на границата со Мексико. Во писмо до Конгресот, Бајден порача дека ниту долар од даночните обврзници веќе нема да биде потрошен на ѕидот.
Трамп прогласи вонредна состојба на јужната граница во 2019 година, што му овозможи да го заобиколи Конгресот и да користи средства на војската за изградба на ѕидот. Тој потроши 25 милијарди долари на проектот за време на својот мандат.
Ова е последната во серијата извршни уредби со кои Бајден ги поништува политиките на својот претходник. Минатата недела, тој нареди истрага за имиграциската агенда на Трамп и потпиша уредба со која ќе се овозможи обединување на мигрантските семејства разделени со неговата политика.
Бајден сега побара и увид во сите средства присвоени или пренасочени за изградба на ѕидот, кој беше едно од главните предизборни ветувања на Трамп во 2016. Сепак, откако дојде на власт, беа изградени само 130 километри нови бариери и заменети делови од постојната структура во должина од 640 километри.