КУЧЕТО КОE ИСКАСА ТРИ ДЕЦА ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ ВДОМЕНО ОД ЗАТВОРОТ ВО ШУТКА

    КУЧЕТО КОE ИСКАСА ТРИ ДЕЦА ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ ВДОМЕНО ОД ЗАТВОРОТ ВО ШУТКАГерманскиот овчар е вдомен од страна на директорот Филип Андов за службените потреби на затворот.(Фото:ЈП „Лајка“)

    Кучето кое на 3 јануари нападна деца во скопската општина Аеродром е вдомено од затворот во Шутка. Германскиот овчар месец и половина беше во просториите на ЈП „Лајка“ и откако го поминал хуманиот третман е вдомен од страна на директорот Филип Андов за службените потреби на затворот.

    „Кучето Кара го помина комплетно целиот хуман третман во нашето прифатилиште откако претходно согласно записникот од извршен инспекциски надзор од Агенцијата за храна и ветеринарство и извршена контрола во ‘Лајка‘ за заловеното куче по пријава за напад на деца, беше одреден карантин и изолација за набљудување. За истото беше извршен клинички преглед од страна на вработен во претпријатието и беше издаден сертификат за беснило со кој не се утврдени знаци на беснило ниту други промени“, велат од ЈП „Лајка“.

    Германскиот овчар беше заловен од тимови на „Лајка“ откако жители на Аеродром пријавија дека нападнало три деца.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира