ТРИ ДЕЦА ИСКАСАНИ ОД ДОМАШНО КУЧЕ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, ЗАЛОВЕНО Е ОД ТИМОВИ НА ЈП „ЛАЈКА“

    ТРИ ДЕЦА ИСКАСАНИ ОД ДОМАШНО КУЧЕ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, ЗАЛОВЕНО Е ОД ТИМОВИ НА ЈП „ЛАЈКА“Две од нападнати деца како што велат очевидци биле со дедото кога ги нападнало кучето и со такси возило биле однесени во болница.(Фото:СДК.МК)

    Три деца попладнево се нападнати и каснати од куче во скопската општина Аеродром. Кучето е веќе заловено од тимовите на ЈП „Лајка“ и како што велат од таму станува збор за домашен миленик, германски овчар, а не улично куче.

    Две од нападнати деца, како што велат очевидци, биле со дедото кога ги нападнало кучето и со такси возило биле однесени во болница.

    Директорката на ЈП „Лајка“ Тина Петрушевска вели дека откако добила повик од граѓани веднаш со тимови за заловување излегле на местото и кучето е заловено и донесено во прифатилиштето.

    „Домашниот миленик кој искаса три дечиња и нападна неколку наши сограѓани во општина Аеродром е во нашето прифатилиште. Благосостојбата на едните не треба да ја исклучува безбедноста на другите. Се надевам дека дечињата ќе закрепнат побрзо и овој немил настан ќе успеат да го избришат од својата меморија. Апелирам до сопствениците на домашни миленици да бидат одговорни и да не ги напуштаат“, вели Петрушевска.

    Се работи на пронаоѓање на сопствениците на кучето.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира