СОБРАНИЕТО УТРЕ ЌЕ РАСПРАВА ЗА ЗАКОНИТЕ ЗА СЈО И ЗА ЗАШТИТЕНИ СВЕДОЦИ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(Мета)

    СОБРАНИЕТО УТРЕ ЌЕ РАСПРАВА ЗА ЗАКОНИТЕ ЗА СЈО И ЗА ЗАШТИТЕНИ СВЕДОЦИ

    Пратениците ќе расправаат за измените на Законот за Специјално јавно обвинителство и на Законот за заштитени сведоци на утрешната седница на Собранието со почеток во 11 часот, договориле денеска координаторите на пратеничките групи со претседателот Трајко Вељаноски.

    Пратеничката група на СДСМ и на здружената опозиција во петокот до Собранието достави барање за свикување итна седница, на која на дневен ред ќе бидат предлог-закон за измена и за дополнување на Законот за заштита на сведоци и предлог-закон за измена на Законот за Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите или Специјалното јавно обвинителство.

    Опозицијата ги повика сите парламентарни политички партии да се приклучат и да дадат поддршка на оваа иницијатива и сите пртеници поединечно да дадат лична поддршка за донесување на овие закони.

    Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија најавија дека нема да прифатат разгледување на какво било барање и предлог што потекнуваат од Специјалното јавно обвинителство, а е надвор од законот за СЈО договорен од четирите партии во согласност со Договорот од Пржино.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира