ЃОКОВИЌ ПО ДЕВЕТТИ ПАТ СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО ФИНАЛЕТО НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН

    ЃОКОВИЌ ПО ДЕВЕТТИ ПАТ СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО ФИНАЛЕТО НА АВСТРАЛИЈА ОПЕНЃоковиќ досега не изгубил ниедно финале во Мелбурн (Фото: ЕПА)

    Новак Ѓоковиќ втора година по ред ќе ја брани титулата на Отвореното првенство на Австралија, откако по деветти пат се пласираше во финалето на овој гренд слем турнир.

    Тој за неполни два часа игра го совлада Аслан Карацев со 6:3, 6:4, 6:2, завршувајќи го неверојатниот пат на рускиот квалификант, кој како 114. играч на светот стигна до полуфиналето.

    Ѓоковиќ ги има добиено сите досегашни осум финалиња, а совршениот скор ќе се обиде да го задржи против победникот на другото полуфинале, во кое играат Данил Медведев и Стефанос Циципас. Ова е вкупно 28. гренд слем финале за Ѓоковиќ.

    Во женското финале ќе се сретнат Наоми Осака и Џенифер Брејди.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира