СИТЕ, А ОСОБЕНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ТРЕБА ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ, ВЕЛИ Д-Р ГРИВЧЕВА-СТАРДЕЛОВА ОД ЛЕКАРСКАТА КОМОРА

    СИТЕ, А ОСОБЕНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ТРЕБА ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ, ВЕЛИ Д-Р ГРИВЧЕВА-СТАРДЕЛОВА ОД ЛЕКАРСКАТА КОМОРАПретседателката на Лекарската комора Калина Гривчева-Старделова денеска ја прима првата доза од вакцината на „Фајзер“. (Фото: Лекарска комора)

    Никој, а особено здравствените работници, не треба да се сомневаат дали треба да ја примат вакцината против ковид-19, изјави денеска претседателката на Лекарската комора Калина Гривчева-Старделова откако ја прими првата доза од вакцината на „Фајзер“. Гривчева-Старделова вели дека имунизацијата е една од најуспешните и најефикасни здравствени процедури и тоа досега многу пати го докажала историјата.

    „Пандемијата со вирусот ковид-19 е потсетување дека заразните болести се сериозна закана која не познава граници, а имунизацијата е најсилното оружје во борбата со нив. Не постои друга поефикасна медицинска технологија која го заштитила и го унапредила човековото здравје како што тоа го направиле вакцините. Вакцината е важна за одржување на здравјето на здравствените работници, здравјето на граѓаните, но и за одржливоста на здравствените системи и затоа немав никаков сомнеж дека треба да се вакцинирам“, изјави д-р Гривчева-Старделова.

    Лекарската комора, како членка на Постојаниот комитет на европски лекари (CPME), преку промоција на Манифестот објавен од Коалицијата за имунизација ги повика сите здравствени професионалци да се вакцинираат против ковид-19. Документот потенцира три клучни причини поради кои секој здравствен работник веднаш штом добие можност треба да се вакцинира против ковид-19, затоа што се заштитува од болеста и од можни тешки животозагрозувачки компликации, затоа што вакцините против ковид-19 се безбедни и ефикасни и затоа што на тој начин помага за зачувување на здравствените капацитети.

    Вакцинацијата во земјава почна вчера и во првиот ден се вакцинирани 202 здравствени работници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира