БОЕМСКА УЛИЦА ВО СКОПСКО ДЕБАР МААЛО СЕКОЈ ДЕН БЛОКИРАНА СО СКАПИ КОЛИ, БОГДАНОВИЌ БАРА ДА СЕ ЗАТВОРИ ЗА СООБРАЌАЈ, СЕ ЧЕКА ОДОБРЕНИЕ ОД МВР

    БОЕМСКА УЛИЦА ВО СКОПСКО ДЕБАР МААЛО СЕКОЈ ДЕН БЛОКИРАНА СО СКАПИ КОЛИ, БОГДАНОВИЌ БАРА ДА СЕ ЗАТВОРИ ЗА СООБРАЌАЈ, СЕ ЧЕКА ОДОБРЕНИЕ ОД МВРНикаде нема пајак служба да ги подигне непрописно паркираните возила од кои најголем дел се џипови, мерцедеси и ауди. (СДК.МК)

    Боемската улица во скопско Дебар Маало секоја вечер е блокирана од коли. Екипата на САКАМДАКАЖАМ.МК вечерва затекна десетина испаркирани коли на пешачката улица, а сопствениците беа гости во кафеаните. Никаде нема пајак служба да ги подигне непрописно паркираните возила од кои најголем дел се џипови, мерцедеси и ауди.

    Искршени се и бетонските столпчиња кои Општината ги стави за да спречи паркирање.

    Ваквата слика е постојана од отворањето на улицата во времето на ексградоначалникот Андреј Жерновски до сега.

    Градоначачникот на Општина Центар Саша Богдановиќ вели дека единствено решение е улицата да се затвори за сообраќај, за што е изготвено сообраќајно решение и чекаат дали Министерството за внатрешни работи ќе го одобри.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира