ЖИТЕЛИТЕ ОД ОХРИДСКОТО СЕЛО ЛЕСКОЕЦ СО ПРОТЕСТ ПОБАРАА АСФАЛТИРАНИ УЛИЦИ И РЕДОВНО ВОДОСНАБДУВАЊЕ

    ЖИТЕЛИТЕ ОД ОХРИДСКОТО СЕЛО ЛЕСКОЕЦ СО ПРОТЕСТ ПОБАРАА АСФАЛТИРАНИ УЛИЦИ И РЕДОВНО ВОДОСНАБДУВАЊЕМештаните бараат Општината да им го реши проблемот во спротивно, како што рекоа, протестот ќе го преселат пред општинската зграда. Фото: СДК.МК)

    Жителите на охридското село Лескоец денеска протестираа поради тоа што немаат асфалтирани улици и редовно водоснабдување. Побараа Општината да им го реши проблемот во спротивно, како што рекоа, протестот ќе го преселат пред општинската зграда.

    Велат дека три децении газат по кал и ископани улици, а во летo немаат ни капка вода за пиење. Проблем е и за постарите и за децата кои со мака одат на училиште, се жалат мештаните.

    „Патот е уништен и неупотреблив. Дете не може на школо да пуштиш ќе се удави во вирови. Досега триесет години немаат преземено ништо“, вели Никола Сандрески, жител на Лескоец.

    „Во лето стануваме во три часот по полноќ за да се избањаме и да наполниме шишиња со вода за да имаме што да пиеме дента“, вели Елена Јосифоска, жителка на Лескоец.

    Мештаните велат дека никој до сега немал слух за нивните проблеми. Локалните власти се менувале, но останувале само ветувањата. Испратиле и допис на кој општинските власти сè уште не им одговориле.

    Од  Општина Охрид побараа трпение од граѓаните и ветија дека со почетокот на градежната сезона улиците ќе бидат уредени.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира