ДЕЦА ОД ФОЛКЛОРЕН АНСАМБЛ И ХОР ОД ОХРИД СНИМИЈА ПЕСНА ЗА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ

    ДЕЦА ОД ФОЛКЛОРЕН АНСАМБЛ И ХОР ОД ОХРИД СНИМИЈА ПЕСНА ЗА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИГордана Лолеска со екипата на „Ретка песна“. (Фото: „Живот со предизвици“)

    Децата членови на фолклорниот ансамбл „Бисери“, хорчето „Весели бисерчиња“, дуото „Блек мун“ (Мила Тренеска и Билјана Буџоска), под раководство на уметничкиот раководител Татјана Узуноска-Тренеска ја снимија песната „Ретка песна“, за поддршка на лицата со ретки болести. Здружението „Живот со предизвици“ и Гордана Лолеска цел февруари ја водат кампањата за запознавање и подддршка на ретките болести.

    Автор на песната, музиката и текстот се на Узуноска-Тренеска, aранжманот е на Јовица Карали.

    „Секогаш се трудиме да сме дел од хуманитарни настани, со цел децата покрај игра и песна да ги запознаат правите вредности во животот, почит, сочувство, еднаквост меѓу луѓето. Спонтано, инспирирана од кампањата за ретки болести се роди песничката. Веќе четврта година сме вклучени во кампањата за ретки болести, а оваа година спонтано, со посебна инспирација, се роди песна, која ги израдува дечињата членови на хорчето, оркестарот и пејачката група. Се почувствувавме среќни и горди, што и ние ќе дадеме еден мал придонес за децата со ретки болести“, вели Узуноска-Тренеска.

    Кампањата „Ги запознаваме ретките болести“ трета година по ред почна на 1 февруари, а ќе заврши в недела. Преку проектот, јавноста секој ден се запознава со нови 28 ретки дијагнози во аудио, видео и текстуална форма.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира