ЗА КИНЕСКИТЕ ВАКЦИНИ ИНТЕНЗИВНО КОМУНИЦИРАМЕ, СО ФАЈЗЕР УШТЕ ПРЕГОВАРАМЕ, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ

    ЗА КИНЕСКИТЕ ВАКЦИНИ ИНТЕНЗИВНО КОМУНИЦИРАМЕ, СО ФАЈЗЕР УШТЕ ПРЕГОВАРАМЕ, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕМинистерот Филипче го пренесува пакетот со вакцини со српскиот колега Златибор Лончар на граничниот премин Табановце (Фото:Принтскрин од видео од настанот)

    До крајот на месецов во земјава нема да стасаат ниту кинеските вакцини, ниту пак одредени количини од вакцината на „Фејзер“ кои беа најавени дека ќе се набават преку дирекна спогодба со компанијата. Министерот за здравство Венко Филипче денеска на граничниот премин Табановце примајќи ја втората количина од вакцините на „Фајзер“ кои Македонија ги добива како помош од Србија, не кажа точни термини кога ќе стасаат другите поголеми количини, со што конечно во земјава би почнала масовната вакцинација.

    „Сè уште траат преговорите со ‘Фајзер‘ во однос на техничките детали, секој ден се слушаме телефонски со фајзеровото претставништво во Белград и го очекуваме драфтот на договорот. Работите се одложија поради тоа што се под голем притисок од сите земји во светот. За кинеските вакцини постои интензивна комуникација и размена на писма, вклучено е и Министерството за надворешни работи и за кратко време очекуваме да го добиеме и дефинитивниот датум кога ќе стигнат тие“, рече Филипче не кажувајќи дали тоа ќе биде овој месец како што најавуваа и тој и премиерот Зоран Заев.

    Кон почетокот на март Филипче ги очекува вакцините од „Астра Зенека“ преку Ковакс механизмот, а за руската „Спутник“ добиен е нацрт договорот и тој денеска треба да биде усвоен на затворена владина седница.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира