МАЈМУНИ ВО САН ДИЕГО ПРИМИЈА ЕКСПЕРИМЕНТАЛНА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 РАЗВИЕНА ЗА ЖИВОТНИ

    МАЈМУНИ ВО САН ДИЕГО ПРИМИЈА ЕКСПЕРИМЕНТАЛНА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 РАЗВИЕНА ЗА ЖИВОТНИНаучниците се загрижени дека ковид-19 би можел да претставува закана за големи видови мајмуни (Фото: Зоолошка градина во Сан Диего)

    Неколку големи мајмуни од зоолошката градина во Сан Диего примија експериментална вакцина против ковид-19 развиена за животни по појавата на коронавирусот меѓу тамошните горили. Четири орангутани и пет боноба примија по две дози од вакцината на американската ветеринарна фармацевтска компанија „Зоетис“.

    Осум горили од оваа зоолошка градина имаа позитивен тест во јануари, што беа први познати случаи на коронавирус меѓу примати во светот. Научниците се загрижени дека ковид-19 би можел да претставува закана за големи видови мајмуни, особено горили, кои веќе се ставени на листата на критично загрозени животни.

    „Ова не е нешто нормално. Никогаш досега не сум имала пристап до експериментална вакцина во вака рана фаза од процесот, ниту пак сум имала така голема желба да користам една“, изјави Надин Ламберски, виш конзерватор во зоолошката градина во Сан Диего.

    Таа додаде дека кај вакцинираните мајмуни не се појавиле несакани реакции и ќе бидат тестирани за антитела.

    Зараза со ковид-19 досега е потврдена кај неколку животински видови низ светот, најчесто мачки и кучиња, но нема докази дека животно може да го пренесе вирусот на човекот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира