Лидерот на ДУИ Али Ахмети ја искоментира изјавата на премиерот Зоран Заев околу евентуалното вклучување на ВМРО-ДПМНЕ во една поширока владина коалиција, велејќи дека за тоа не се разговарало, како и дека нема простор за такво нешто.
„Мислам дека овие се некои настани кои произлегуваат од дневна политика, нема нешто за истакнување, нема некои дијалози или слично за создавање некое партнерство за коалиција. Опозицијата како и секогаш има цел да ги кажат нивните забелешки, бидејќи улогата на опозиција секаде е иста, да ја унапредат демократијата, и да бидат дел од еден важен процес, и нивна задача е да дадат несогласување со парламентарното мнозинството“, изјави Ахмети, кој денеска престојуваше во селото Доброште на пуштање во употреба новоизградена училишна спортска сала.
За изјавата на Заев, од ВМРО-ДПМНЕ искоментираа дека византиските игри нема да го спасат од сигурен пораз.
„Денес Зоран Заев нуди широка Влада, а неговиот коалиционен партнер Али Ахмети го одбива. А, во суштина и двајцата се договорени“, соопштија од партијата.
З. АНДОНОВ