РАКОМЕТАРИТЕ ГО ПОБЕДИЈА СВЕТСКИОТ ПРВАК ДАНСКА НА СЕЛЕКТОРСКОТО ДЕБИ НА КИРЕ ЛАЗАРОВ

    РАКОМЕТАРИТЕ ГО ПОБЕДИЈА СВЕТСКИОТ ПРВАК ДАНСКА НА СЕЛЕКТОРСКОТО ДЕБИ НА КИРЕ ЛАЗАРОВЛазаров ја воскресна репрезентацијата по дебаклот на Светското првенство во Египет (Фото: Ѓ. Личовски)

    Кире Лазаров имаше деби од сништа како селектор на машката ракометна репрезентација откако во продолжението на квалификациите за Европското првенство во 2022 беше совладан актуелниот олимписки и светски првак Данска со 33:29.

    Лазаров ја воскресна репрезентацијата по дебаклот на неодамнешното Светско првенство во Египет и враќајќи прославени имиња во тимот, што на теренот, што во стручниот штаб, им даде дополнителен мотив на играчите да се надминат себеси и да ја остварат една од најголемите победи за македонскиот ракомет воопшто.

    Лазаров, кој дебитираше за репрезентацијата уште во минатиот век, продолжи да ги тресе противничките мрежи и како селектор, завршувајќи го мечот со четири гола, а извонредна вечер имаше голманот Митревски, кој придонесе со 13 одбрани.

    Македонија е лидер во групата 7 со шест освоени бода, пред реваншот со Данска, што се игра в недела во Олборг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира