Радио „Бубамара“ е најслушана регионална станица и во последниот квартал на 2020 година, покажуваат податоците на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). Во истражувањето за периодот октомври-декември 2020, радио „Бубамара“ води 5 проценти пред второрангираната радио станица.
„Со тоа радиото го продолжи статусот на најслушано регионално радио во изминатата година, титула што успева да ја задржи во сите квартални истражувања од 2018 наваму“, велат од радио „Бубамара“.
Тимот на радиото во моментов го подготвува 24. вонредно пандемиско издание на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“ под слоганот „Ќе го преживееме и ова во животов’.