РАСТЕ БРОЈОТ НА КОВИД БОЛНИ БИТОЛЧАНИ, ГРУПИРАЊАТА ГО ЗГОЛЕМУВААТ РИЗИКОТ, ПРЕДУПРЕДИ КРИЗНИОТ ШТАБ

    РАСТЕ БРОЈОТ НА КОВИД БОЛНИ БИТОЛЧАНИ, ГРУПИРАЊАТА ГО ЗГОЛЕМУВААТ РИЗИКОТ, ПРЕДУПРЕДИ КРИЗНИОТ ШТАБОд почетокот на пандемијата до денес се разболеле 3.754 битолчани, а активни случаи се 321. (Фото: Архива на СДК.МК)

    Денес Битола има 44 новозаразени со ковид-19, односно ист број колку и Прилеп кој е град на второ место во државата по број на заболени, хоспитализирани и починати лица од болеста. Во последните две недели, бројот на новозаболени од ковид-19 се зголемува, но за разлика од претходно, сега не може да се дефинираат кластери, туку се зборува за широка распространетост на трансмисија на вирусот, утврди Општинскиот кризен штаб на Битола на денешниот состанок.

    Дневно, согласно потребите и барањата на пациентите, се вршат 160 тестирања од кои 100 ПЦР тестови во Центарот за јавно здравје, 30 брзи тестови во пунктот во УЗ „Панде Кајзеро“ и 30 тестирања во Здравствен дом.

    „Празничните групирања во домовите и угостителските објекти, рестораните и кафулињата, дополнително го зголемуваат ризикот од пораст на бројот на новозаболени од ковид-19, па апелираме да нема групирања“, соопштија од Кризниот штаб.

    Здравствениот персонал кој работи со пациентите заболени од коронавирус е вакциниран. Во моментов, во Клиничката болница Битола има доволно капацитети за пациентите кои имаат потреба од хоспитализација, а до крајот на оваа недела се очекува да биде ставена во функција и модуларната болница.

    Од почетокот на пандемијата до денес се разболеле 3.754 битолчани, , а активни случаи се 321.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира