АВСТРИЈА ОД АПРИЛ ЌЕ ВОВЕДЕ КОВИД ПАСОШИ ЗА ВАКЦИНИРАНИ, ТЕСТИРАНИ И ОНИЕ КОИ ПРЕЛЕЖАЛЕ, НЕМА ДА ЈА ЧЕКА ЕУ

    АВСТРИЈА ОД АПРИЛ ЌЕ ВОВЕДЕ КОВИД ПАСОШИ ЗА ВАКЦИНИРАНИ, ТЕСТИРАНИ И ОНИЕ КОИ ПРЕЛЕЖАЛЕ, НЕМА ДА ЈА ЧЕКА ЕУАвстрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека нема да ја чекаат ЕУ, која денеска предложи ваквите сертификати да се воведат од јуни.

    Австрија планира од април да воведе зелен ковид пасош за оние кои се вакцинирани, имаат негативен ПЦР тест или прележале коронавирус. Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека нема да ја чекаат ЕУ, која денеска предложи ваквите сертификати да се воведат од јуни.

    Новиот документ ќе се вика Дигитален зелен сертификат и бесплатно ќе го добијат сите државјани на ЕУ кои ќе приложат доказ дека примиле вакцина против ковид-19, но и оние кои имаат негативен тест или го прележале вирусот. Планот, за кој ќе се дискутира на самит на лидерите на ЕУ следната недела, предвидува создавање на таканаречени ковид пасоши кои би го олесниле патувањето од една во друга членка на Унијата.

    Во Австрија, дигиталниот сертификат ќе биде ку-ер код врзан со лична карта или пасош и ќе се издава во две фази, во првата од април за тестираните, а во втората од јуни за оние кои прележале или се ванкцинирани.

    Кога ќе влезе во целосна употреба на ниво на ЕУ, ковид пасошот треба да ги содржи овие информации: сертификат за вакцинација, сертификат за ПЦР или брз антиген тест и сертификат за оздравеност (кој најрано може да се издаде на 11-от ден по првиот позитивен ПЦР тест и за максимум од 180 дена). Треба да се издава бесплатно од државите на ЕУ за сите граѓани на Унијата, нивните семејства и на граѓани од трети земји кои се резиденти во државите во ЕУ. Овие ковид пасоши ќе важат додека трае пандемијата.

    Австрискиот државен секретар Магнус Брунер изјави дека ако одлуката за ковид пасоши во ЕУ не се донесе до летово, тогаш ќе треба да се направат билатерални договори со земјите кои се најважи дестинации за туристички патувања.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира