КРЕМЉ НЕМА ДА ОТКРИЕ КОЈА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 JA ПРИМИЛ ПУТИН

    КРЕМЉ НЕМА ДА ОТКРИЕ КОЈА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 JA ПРИМИЛ ПУТИНПутин нема да се вакцинира пред камери (Фото: Ројтерс)

    Владимир Путин денеска ќе се вакцинира против ковид-19, но Кремљ нема да го открие името на вакцината што ќе ја прими.

    „Намерно нема да го кажеме името на вакцината, сакајќи да потенцираме дека сите три руски вакцини против ковид-19 се безбедни и делотворни“, изјави портпаролот Дмитри Песков.

    Тој додаде дека Путин веројатно ќе се вакцинира во вечерните часови и тоа со една од вакцините создадени во Русија.

    „На него не му се допадна идејата да се вакцинира пред камери. Тој веќе стори доволно за промоцијата на руските вакцини“, кажа Песков.

    Најпозната од нив е „Спутник В“, а Москва ја одобри и употребата на „ЕпиВакКорона“ и „КовиВак“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира