„СЛАВА“ НА БУГАРСКОТО ДУО ГРОЗЕВА-ВАЛЧАНОВ ПОБЕДИ НА КИНЕНОВА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    „СЛАВА“ НА БУГАРСКОТО ДУО ГРОЗЕВА-ВАЛЧАНОВ ПОБЕДИ НА КИНЕНОВА

    „Слава“, вториот филм на бугарското дуо Кристина Грозева и Петар Валчанов, победи на првиот меѓународен филмски фестивал Киненова, што заврши синоќа во Скопје. Жирито на чело со сценаристот Разван Радулеску во кое беа и актерите Мира Фурлан и Мето Јовановски и продуцентката Галина Тонева, ја оценуваше Главната конкуренција со дебија или втор филм на авторите.

    „Слава“, возбудлива реалистична драма за суровата манипулација со чесен човек и корумпираната власт, е најдобар филм според жирито „за неговата чесност и затоа што го фатил сегашниот момент во неговата автентичност, и за раскажување на локалната приказна која досегнува пошироко, универзално значење“.

    Наградите најдобар режисер и најдобро сценарио ги доби српскиот дебитант Огњен Главоњиќ за „Длабочина 2“, длабоко потресен документарец направен исклучиво од сведоштва на очевидци за масовната гробница откриена близу Белград во 2001, 2 години по војната во Косово,. Жирито го награди „за неговиот радикален пристап, за неговата храброст и трпеливост да следи многу осетлива приказна така што ќе избегнува и сентиментализам и пропаганда, и за главното достигнување – да го присили гледачот да ѝ погледне на вистината в лице“.

    Жирито за краток и анимиран филмво кое членуваа Мануела Чернат, Дејан Дабиќ и Вардан Тозија, за најдобар филм го поргласи „Смоква“ на Никос Коловос од Шведска, специјално признание доби„Луѓе од гробиштата“ на Али Мардоми од Иран, а најдобар анимиран филм е „Кружно патување на Марето“ од македонскиот автор Жарко Иванов.

    Киненова е независен фестивал со оригинална и специфична конкуренција за награди во која беа 8 филмови, чиј селектор на главната програма е филмската критичарка Марина Костова, а директор е режисерот и продуцент Небојша Јовановиќ, а жирито го истакна квалитетот на селекцијата и ентузијазмот на екипата и публиката за ова прво издание.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира