ПОПОЛНЕТ БРОЈОТ НА ПОПИШУВАЧИ ВО ТЕТОВО, ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРИФИ ПРЕКУ ФЕЈСБУК ГИ ПОВИКУВА ИСЕЛЕНИЦИТЕ ДА СЕ ПОПИШАТ

    ПОПОЛНЕТ БРОЈОТ НА ПОПИШУВАЧИ ВО ТЕТОВО, ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРИФИ ПРЕКУ ФЕЈСБУК ГИ ПОВИКУВА ИСЕЛЕНИЦИТЕ ДА СЕ ПОПИШАТВо општините Тетово и Боговиње пописот ќе го спроведуваат 242 попишувачи. (Фото: СДК.МК)

    Бројот на попишувачи за претстојниот попис во пописниот реон 32, кој ги опфаќа општините Тетово и Боговиње, е пополнет. На првиот конкурс за бараните 242 попишувачи се пријавиле 336 кандидати, но од непознати причини, на тестирањето се појавиле многу помал број, па мораше да се распише нов оглас за 101 попишувач.

    Ја чекаме одлуката на Заводот за статистика кои од пријавените кандидати се примени, па веднаш потоа ќе се почне со нивната обука. За пописниот реон 32 ќе бидат ангажирани 242 попишувачи, од кои 182 се Албанци, 49 се Македонци, пет се Роми, а шест се Турци. Во овој момент, државни инструктори од Заводот за статистика вршат обука за 24 регионални инструктори кои ќе ја следат работата на попишувачите“, вели Славица Серафимовска, претседател на реонска пописна комисија.

    И додека едни се подготвуваат за пописот, други агитираат кај иселеници во странство што помасовно да се попишат, а трети повикуваат да не им се отвора врата на попишувачите.

    Последниве денови, на фејсбук профилот на градоначалничката на Тетово Теута Арифи стои објава на албански преку која се повикуваат иселениците да се попишат и се покажуваат бројки колкумина го сториле тоа. Исто така, објавени се имињата на активисти во повеќе европски земји, сите од албанска националност, и телефонски броеви на кои можат да им се обратат тие што сакаат да се попишат од странство.

    Помош 24/7, модераторите од различни земји се подготвени да ви понудат каква било помош за процесот на регистрација на иселениците“, стои на фејсбук профилот на Арифи.

    Од денеска, таква објава со телефонски броеви е поставена и на нејзиниот фејсбук профил на македонски јазик.

    Деновиве, по дрвјата на тетовските улици се поставени летоци со логото на Левица, на кои под мотото „Не отварам врата“ се изнесуваат шест причини против одржувањето на пописот.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира