В НЕДЕЛА СТИГНУВААТ 24.000 ДОЗИ ВАКЦИНИ НА „АСТРАЗЕНЕКА“ ОД КОВАКС, НАЈАВИ ФИЛИПЧЕ

    В НЕДЕЛА СТИГНУВААТ 24.000 ДОЗИ ВАКЦИНИ НА „АСТРАЗЕНЕКА“ ОД КОВАКС, НАЈАВИ ФИЛИПЧЕОваа е прва доза вакцини кои земјава ја добива преку Ковакс механизмот. (Фото: Ѓ. Личовски)

    В недела во земјава ќе стигнат 24.000 дози од вакцината „АстраЗенека“ преку Ковакс механизмот, објави вечерва министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил. Со тоа, како што најавија властите, треба да почне вакцинацијата на населението. Досега во Македонија вакцинирани се само дел од медицинските лица.

    Ова се први вакцини кои земјава ги добива преку Ковакс механизмот. Досега добиени се само само 8.000 дози на компанијата „Фајзер“ од Србија и 3.000 од договорот на владата за руската вакцина „спутник“.

    Од Министерството за здравство денеска ни изјавија дека нема никаква пречка македонските државјани да се вакцинираат во Србија или која било друга земја ако добијат уредна потврда, откако многу граѓани добија термини викендов да се вакцинираат во Белград.

    Македонските граѓани кои преку официјалната страна на Институтот за јавно здравје на Србија се пријавиле за вакцинирање како странски државјани, викендов масовно ќе се вакцинираат во просториите на Белградскиот саем. Наместо во Центрите за јавно здравје во градовите каде што се пријавиле, сите ќе се вакцинираат на едно место во главниот град. Покани за вакцинација добиле само оние граѓани кои изразиле интерес да се вакцинираат со која било вакцина, а вакцинацијата ќе се врши само со „АстраЗенека“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира