ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ КОВИД-19 ИМ ДАВААТ ЗАШТИТА НА ТРУДНИЦИ И ДОИЛКИ, НО И НА БЕБИЊАТА

    ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ КОВИД-19 ИМ ДАВААТ ЗАШТИТА НА ТРУДНИЦИ И ДОИЛКИ, НО И НА БЕБИЊАТАМајките можат да ги пренесат антителата на своите бебиња преку плацентата или млекото

    Вакцините против ковид-19 на „Фајзер/Бионтек“ и „Модерна“ се делотворни за бремени жени и доилки, кои притоа можат да ги пренесат антителата на бебињата, покажа студија објавена во Американскиот журнал за гинекологија и акушерство. Во истражувањето биле вакцинирани 131 жена, од кои 84 трудници, 31 доилка, а 16 не биле бремени.

    Нивото на антителата добиени преку вакцината било еднакво кај сите три групи.

    „Нивото на антителата било значително повисоко во споредба со оние добиени од заразата со коронавирус за време на бременост. Ова покажува дека овие вакцини се неверојатно ефективни кај овие жени“, вели Галит Алтер, професор по медицина вклучен во истражувањето.

    Истовремено, тие заклучиле дека жените можат да ги пренесат заштитните антитела на своите бебиња преку плацентата или доењето.

    „Речиси сите мајки им даваа сосема солидно ниво на антитела на своите бебиња“, вели Алтер, додавајќи дека ќе бидат потребни дополнителни истражувања за да се утврди колку долго антителата се задржуваат кај бебињата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира