ПУТИН, МЕРКЕЛ И МАКРОН РАЗГОВАРАА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВАКЦИНАТА „СПУТНИК“ ВО ЕУ

    ПУТИН, МЕРКЕЛ И МАКРОН РАЗГОВАРАА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВАКЦИНАТА „СПУТНИК“ ВО ЕУГерманската влада неодамна потврди дека би била заинтересирана за увоз на „спутник“ (Фото: Шатерсток)

    Владимир Путин, Ангела Меркел и Емануел Макрон преку видеоповик дискутираа за руската вакцина против ковид-19 „спутник В“ и за нејзина можна употреба во Европа, објави Кремљ. Оваа вакцина сѐ уште не е одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА), но неколку членки на ЕУ веќе почнаа да ја користат.

    Кремљ не кажа на чија иницијатива се одржала средбата.

    „Путин, Меркел и Макрон разговараа за можните испораки и заедничко производство на вакцината во земјите од Европска Унија“, соопшти Кремљ.

    Руската фармацевтска фирма „Р-Фарм“ планира да почне да ја произведува вакцината во германскиот град Илертисен од јуни или јули.

    Германската влада неодамна потврди дека би била заинтересирана за увоз на „спутник“ ако биде одобрена од европските регулатори. Австрискиот канцелар Себастијан Курц кажа дека Виена е во преговори со Москва за добивање на вакцината.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира