РЕДИЦИ ЗА АЛБУМОТ НА „ПАНИНИ“ ЗА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО, ПРВПАТ ЌЕ СЕ СОБИРА И МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

    РЕДИЦИ ЗА АЛБУМОТ НА „ПАНИНИ“ ЗА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО, ПРВПАТ ЌЕ СЕ СОБИРА И МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАНиеден албум на „Панини“ досега не се исчекувал повеќе. - Редица пред продавница во центарот на Скопје (Фото: К. Попов)

    Албумите на „Панини“ за светските и европските фудбалски првенства никогаш не излегоа од мода во Македонија, но за најновиот, за претстојното Европско првенство, има редици за да се купи.

    Албумот денеска дојде и во Македонија и првпат досега, во него ја има и македонската репрезентација. Од Столе Димитриевски до Иван Тричковски, место во оваа престижна колекција добија 20-мина играчи, но сликичката со број 294 несомнено ќе биде најбараната и најпосакувана, бидејќи тука се најде капитенот Горан Пандев.

    (Фото: К. Попов)

    По 26 години обиди, Македонија лани конечно обезбеди пласман на едно големо натпреварување, откако во финалето на баражот на Лигата на нации ја победи Грузија со 1:0 со голот на Пандев.

    Првенството што ќе се игра во 12 држави почнува на 11 јуни, а Македонија ќе дебитира два дена подоцна со мечот против Австрија. Во групата Ц уште се Романија и Холандија.

    Г. КОНЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира