ВО БОЛНИЦИТЕ НИЗ ЗЕМЈАВА ИМА УШТЕ 230 МЕСТА, ВКУПНО СЕ ЛЕКУВААТ 1.684 БОЛНИ ОД КОВИД-19

    ВО БОЛНИЦИТЕ НИЗ ЗЕМЈАВА ИМА УШТЕ 230 МЕСТА, ВКУПНО СЕ ЛЕКУВААТ 1.684 БОЛНИ ОД КОВИД-19Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 103 нови пациенти. (Фото: СДК.МК)

    На Инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 1.684 ковид болни и има околу 230 кревети во Ковид-центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, соопшти Министерството за здравство.

    „Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, велат од Министерството за здравство.

    Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 103 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 685 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

    Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 41 прием. Во ковид-центарот во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ имало 18 примени пациенти и 20 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови болни, а 9 пациенти биле примени на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 15 пациенти.

    Во изминатите 24 часа дома се пуштени 86 оздравени пациенти.

    Во моментов во Ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 311 пациенти. Во „8 Септември“ има вкупно 136 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти. На Клиниката за детски болести има 5 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) има 9 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 26 болни.

    Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 999 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 112 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 86 пациенти. На Инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекуваат 97 болни, а во Куманово 96 пациенти. Во Ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 138, во Ковид-центарот во Гостивар 43, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 87 пациенти, во Кочани 32, во Кичево 28, Кавадарци 79, а во Гевгелија 24.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира