БУГАРСКИОТ ГАЗДА НА ГАЛИЈАТА ВО ВАРДАР ВЕЛИ НЕЗАКОНСКИ СЕ УРИВА, ШИЛЕГОВ ТВРДИ ИСПОЛНЕТИ СЕ СИТЕ УСЛОВИ

    БУГАРСКИОТ ГАЗДА НА ГАЛИЈАТА ВО ВАРДАР ВЕЛИ НЕЗАКОНСКИ СЕ УРИВА, ШИЛЕГОВ ТВРДИ ИСПОЛНЕТИ СЕ СИТЕ УСЛОВИЕкипите на Улици и патишта придружувани од полицијата денеска почнаа да ги вадат масите и столиците од бродот, па ќе се демонтира конструкцијата. (Фито: К. Попов)

    Сопственикот на галијата „Среќа“, кој е бугарски државјанин, смета дека незаконски се урива објектот во реката Вардар во строгиот центар на Скопје. Во негово име, управителот на фирмата „Сервис АД“ Жарко Миленковски кажа дека немаат никакви долгови кон Градот.

    „Урбаната опрема се урива без судско решение. Ние за време на пандемијата испративме допис до Градот, но не добивме одговор. Сега сите кирии се платени. Ова е инвестиција од 1.2 милиони евра на бугарски државјанин, не е добра порака која се испраќа до странските инвеститори“, рече Миленковски.

    Градоначалникот Петре Шилегов вели дека сите услови се исполнети галијата која го попречува текот на реката да биде отстранета.

    „Нивната жалба беше одбиена од Апелациониот суд, исполнети се сите правни услови. Демонтажата ќе ја врши ЈП ‘Улици и патишта‘, а потоа фактурата ќе биде испратена на сопственикот. Градот нема да има никакви финансиски импликации“, кажа Шилегов.

    Екипите наЈП „Улици и патишта“ придружувани од полицијата денеска почнаа да го вадат инвентарот од бродот, односно масите и столиците. Откако цела опрема ќе биде извадена ќе се демонтира конструкцијата на бродот.

    Градоначалникот Шилегов верува дека во наредниот период ќе се створат услови да се отстранат и другите две галии. За онаа кај МЕПСО судските постапки рече дека се при крај, а за бродот „Воденица“ кај Градскиот трговски центар засега нема прекршувања на договорот и тој не може да се урне, а Градот да не плаќа милионска оштета.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира