ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДИК ЧИЧАКОВСКИ НЕ ДОЗВОЛИ НОВИНАРСКИ ПРАШАЊА ПРЕД АМБАСАДОРКАТА НА ОБСЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДИК ЧИЧАКОВСКИ НЕ ДОЗВОЛИ НОВИНАРСКИ ПРАШАЊА ПРЕД АМБАСАДОРКАТА НА ОБСЕ

    Претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски на денешната средба со
    Шефицата на Мисијата на ОБСЕ Нина Суомалаинен ги покани новинарите, но не дозволи прашања.
    Откако го потпишаа меморандумот за соработка со мисијата на ОБСЕ, Чичаковски се заблагодари на присуството на новинарите. На нивната реакција: “А прашања претседателе?“, тој одговори дека прашања на денешната средба не се предвидени.
    САКАМДАКАЖАМ.МК сакаше да го праша Чичаковски дали Избирачкиот список е чист и со овој Список на гласачи може да се оди на избори на 11 декември?
    Дали ќе остане на изјавата дека ако има и само еден невалиден гласач, нема да го потпише и затвори Избирачкиот список?
    Чичаковски ги потпишал високите патни и трошоци за живот на членовите на ДИК, па требаше да ја информира јавноста како членот на ДИК Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ наплатила 12 илјади евра за амортизација и сервис, што не и следува според законот, бидејќи има право да добие амо 30 насто од цената на горивото и толку?
    Шефицата на мисијата на ОБСЕ Нина Суомалаинен требаше да одговори на база на кои информации тврди во неодамнешното интервју за РС Европа дека Избирачкиот список е исчистен и кредибилен?

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира