ЧЕШКА ПРОТЕРА 18 РУСКИ ДИПЛОМАТИ ПОРАДИ ЕКСПЛОЗИИ ОД 2014 ГОДИНА

    ЧЕШКА ПРОТЕРА 18 РУСКИ ДИПЛОМАТИ ПОРАДИ ЕКСПЛОЗИИ ОД 2014 ГОДИНАЧешкиот премиер Андреј Бабиш и министерот за внатрешни работи Јан Хамачек го соопштија протерувањето на руските дипломати. (Фото: ДПА)

    Чешка протера 18 дипломати од Руската амбасада поради експлозии во магацин за муниција во 2014 година, соопшти чешкиот премиер Андреј Бабиш. Руските дипломати се идентификувани како членови на руските разузнавачки служби, кажа чешкиот министер за внатрешни работи Јан Хамачек. Тие треба да ја напуштат земјата во рок од 48 часа.

    „Чешка е суверена држава и мора да одговори на овие откритија без преседан на соодветен начин“, изјави премиерот Бабиш.

    Експлозиите се случија во магацин за муниција во Врбетице, 110 километри источно од Прага, во октомври и декември 2014 година. Двајца загинаа во експлозиите и имаше значителна материјална штета. Истрагата за експлозиите од специјална единица за организиран криминал сè уште е во тек.

    Москва одговори брзо.

    „Прага е свесна што се случува по вакви трикови“, изјави портпаролката руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира