НА ТРИ МЕСЕЦИ ДО ОЛИМПИЈАДАТА, ЈАПОНИЈА ВАКЦИНИРАШЕ 1% ОД ЖИТЕЛИТЕ И ПОВТОРНО ВОВЕДЕ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО ТОКИО

    НА ТРИ МЕСЕЦИ ДО ОЛИМПИЈАДАТА, ЈАПОНИЈА ВАКЦИНИРАШЕ 1% ОД ЖИТЕЛИТЕ И ПОВТОРНО ВОВЕДЕ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО ТОКИОВластите велат дека вакцините не се предуслов за одржувањето на Олимпијадата (Фото: АФП)

    Јапонската влада повторно прогласи вонредна состојба во Токио и во уште три области за да го спречи ширењето на коронавирусот, на само три месеци пред градот да биде домаќин на Олимписките игри.

    Јапонија досега целосно вакцинираше само 1% од населението во бавната програма на имунизација, но властите велат дека вакцините не се предуслов за одржувањето на Олимпијадата, ниту пак од учесниците ќе се бара да бидат вакцинирани пред доаѓањето.

    Владата кажа дека новата вонредна состојба ќе трае две недели и ќе биде кратка и моќна. За тој период, рестораните, баровите и караоке клубовите кои служат алкохол ќе бидат затворени, а спортските натпревари ќе се играат без публика.

    „Искрено се извинувам што повторно им правиме проблеми на многу луѓе. Постојат стравувања дека заразата ќе се прошири на целата земја ако не воведеме мерки“, изјави премиерот Јошихиде Суга.

    Јапонија постигна договори со „Фајзер“, „Модерна“ и „АстраЗенека“ за доволно дози да ги вакцинира сите 125 милиони жители, но досега ја одобри само вакцината на „Фајзер“. Строгите правила налагаат вакцините и локално да бидат тестирани пред да бидат одобрени.

    Само 1,5 милиони луѓе досега ја примиле првата доза, а 827.000 две. Експертите велат дека ќе биде невозможно да се постигне колективен имунитет до почетокот на Игрите.

    „Ќе ги спроведеме Игрите и без вакцинирањето“, вели извршниот директор на организацискиот одбор Тоширо Муто.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира