ФК ШКЕНДИЈА ЈА СЛАВЕШЕ ОСВОЕНАТА ШАМПИОНСКА ТИТУЛА СО ОГНОМЕТ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

    ФК ШКЕНДИЈА ЈА СЛАВЕШЕ ОСВОЕНАТА ШАМПИОНСКА ТИТУЛА СО ОГНОМЕТ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАСОгнометот синхронизирано се одвивал од десетина различни места во градот (Фото: Шкендија/принтскрин)

    Синоќа околу 21 часот, цело Тетово беше потресено од десетици огномети кои беа активирани од различни места во градот и траеја неколку минути. Силните детонации кои се слушаа за време на полицискиот час силно вознемирија голем број тетовци, кои не знаеја за што станува збор.

    Утрово на социјалните мрежи се појави и видеозапис од настанот. На снимката, на која се појавува логото на фудбалскиот клуб Шкендија, може да се види дека огнометот синхронизирано се одвивал од десетина различни места во градот. Со огнометот, навивачите на клубот ја прославувале освоената шампионска титула во Првата фудбалска лига.

    Од тетовската полиција велат дека не добиле пријава за нарушување на јавниот ред и мир.

    „До СВР Тетово досега нема доставено пријава за огномет во време на полицискиот час. И покрај ова, нашите служби ќе работат на случајот за да обезбедат сознанија кој стои зад овој настан“, соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира