СЕ ПОТРОШИЈА КОВИД ВАКЦИНИТЕ ВО ВЕЛЕС, ВАКЦИНИРАНИ НАД 1.000 ЛИЦА ПОСТАРИ ОД 75 ГОДИНИ

    СЕ ПОТРОШИЈА КОВИД ВАКЦИНИТЕ ВО ВЕЛЕС, ВАКЦИНИРАНИ НАД 1.000 ЛИЦА ПОСТАРИ ОД 75 ГОДИНИКога и со која вакцина ќе продолжи вакцинацијата, ќе се знае после празниците. (Фото: СДК.МК)

    Се потрошија и дополнителните 250 вакцини за заштита од ковид-19 наменети за жителите од Велешко. Вакцинацијата со кинеската валцина на „Синофарм“, која се одвиваше во Здравствен дом Велес, траеше пет работни дена и беше наменета за лица на возраст над 75 години. Кога и со која вакцина ќе продолжи вакцинацијата, ќе се знае после празниците.

    „Потрошени се сите 250 кинески вакцини кои ги добивме. Колкав интерес владееше кај највозрасната група, говори и тоа што не остана ниту една неискористена. Нема ниту една реакција на досега вакцинираните над илјада лица. Можам да кажам дека како изминува времето, има сè поголем интерес за вакцинација, без оглед на производителот. Пациентите се вакцинираа преку Мој термин закажан од матичен доктор. Втората доза е по 21 ден и веднаш овие лица ги известуваме за дополнителниот термин“, рече д-р Пандели Божиков, од Здравствен дом Велес.

    Претходно, од 31 март до 20 април, во период од 15 работни дена вакцинирани во Велес беа 824 лица, исто така над 75 години. Сите тие беа вакцинирани со вакцината на „АстраЗенека“.

    Според денешните податоци на официјалниот сајт https://kovid19vakcinacija.mk/, досега вкушно вакцнирани во земјава се 55,926 лица, а пријавени се 207,332.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира