МОБИЛНА КЛИНИКА, ДОНАЦИЈА ОД ТУРЦИЈА, ЌЕ ЛЕКУВА ПОСТКОВИД КОМПЛИКАЦИИ КАЈ ЖИТЕЛИТЕ ВО ПОТЕШКО ДОСТАПНИТЕ РЕГИОНИ

    МОБИЛНА КЛИНИКА, ДОНАЦИЈА ОД ТУРЦИЈА, ЌЕ ЛЕКУВА ПОСТКОВИД КОМПЛИКАЦИИ КАЈ ЖИТЕЛИТЕ ВО ПОТЕШКО ДОСТАПНИТЕ РЕГИОНИДонираната опрема за болнички услови се состои од монитор, инфузиомат, дефибрилатор, сет за реанимација, апарат за хемостаза и д-димери. (Фото: К. Попов)

    Мобилна клиника која ќе оди до потешко достапни региони за идентификување на постковид компликации кај жителите, доби меѓудругото Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза во Скопје од Турската агенција за координација и соработка – ТИКА. Во овој момент, еден дел од овој Институт е целосно наменет за третман на пациенти заболени од ковид-19. Со оваа опрема се доопремува мобилната амбуланта.

    „Со ова, здравствената услуга ја приближуваме кон пациентите посебно во региони каде што е тоа потешко достапно и е значјно и во делот на специфичните белодробни заболувања, имајќи ги предвид сите овие актуелности во врска со последиците од ковид-19. Мобилната клиника  ќе значи полесен пристап до идентификување на вакви компликации кај граѓаните коишто прележале коронавирус. Дополнителната опрема за Институтот е опрема која што значи еден поголем квалитет во делот на третманот во заболувањата на белите дробови“, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната промоција на донацијата.

    Донираната опрема за болнички услови се состои од монитор, инфузиомат, дефибрилатор, сет за реанимација, апарат за хемостаза и д-димери. Додека делот од опремата наменет за флуоробусот кој припаѓа на Институтот, која ќе биде користена на терен, се состои од ЕКГ, хематолошки бројач, фрижидер за складирање на примероци за микробиолошки испитувања. Медицинската екипа покрај лекарската консултација и преглед, ќе биде опремена за следниве дијагностички процедури: изведба на рентген графија, земање крв за крвна слика и лабораторија, земање на исплувок за микробиолошки испитувања, ЕКГ, тензија и пулс оксиметрија.

    Мобилната екипа ќе биде составена од одговорен специјалист, вработен во Институтот, медицинска сестра, стажант и шофер.

    Според Министерството за здравство, за информираноста на населението за мобилната клиника ќе бидат одговорни општинските власти.

    Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира