ЈАХТИ И БРОДОВИ ЈА ОБЕЛЕЖАА ГРАНИЦАТА МЕЃУ ФРАНЦИЈА И ШВАЈЦАРИЈА КАКО ДЕЛ ОД УМЕТНИЧКИ ПЕРФОРМАНС

    ЈАХТИ И БРОДОВИ ЈА ОБЕЛЕЖАА ГРАНИЦАТА МЕЃУ ФРАНЦИЈА И ШВАЈЦАРИЈА КАКО ДЕЛ ОД УМЕТНИЧКИ ПЕРФОРМАНСВо перформансот учествуваа над 250 пловни возила, од јахти до чамци. (Фото: Ројтерс)

    Стотици бродови се наредија низ езерото Женева, во вид на уметничко претставување на границата помеѓу Швајцарија и Франција. Границата е долга 59 километри и се наоѓа на средина на езерото.

    Проектот насловен „Кратко усогласување“ е идеја на архитектот Бастијан Марцоли од Лозана.

    Организаторите рекоа дека станува збор за колективен перформанс за да се размисли за природата на границата.

    Во перформансот учествуваа над 250 пловни возила, од јахти до чамци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира