ГРУЕВСКИ ПОБАРА 63 ПРАТЕНИКА НА ИЗБОРИТЕ ЗА ДА НЕ ГО УЦЕНУВААТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГРУЕВСКИ ПОБАРА 63 ПРАТЕНИКА НА ИЗБОРИТЕ ЗА ДА НЕ ГО УЦЕНУВААТ

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски побара 63 пратеника на претстојните избори, кои треба да се одржат на 11 декември, на денешниот собир на партијата во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

    „На претстојните избори не е потребна само победа, туку победа со 63 пратеника за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. 63 пратеника ќе бидат силна порака за оние кои со години го делат народот. 63 пратеника ќе бидат силна порака за крај на црните сценарија на Заевци и Верушевци. 63 пратеника за да нема уцени и пазарење“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од говорницата во „Борис Трајковски“

    Во говорот, Груевски го нарече Специјалното јавно обвинителство главен инструмент на СДСМ за доаѓање на власт.

    Во првиот ред на собирт во „Борис Трајковски„ беа премиерот Димитриев, поранешната министерка за внатрешни Јанкуловска, ексдиректорот на УБК Мијалков, скопскиот градоначалник Трајановски и министерот за надворешни Поповски. (Фото: сдк.мк)

    Во првиот ред на собирот во „Борис Трајковски“ беа премиерот Димитриев, поранешната министерка за внатрешни Јанкуловска, ексдиректорот на УБК Мијалков, скопскиот градоначалник Трајановски и министерот за надворешни Поповски. (Фото: сдк.мк)

    „СЈО се формираше со добра намера да се расчистат креираните материјали, но тие се нафатија да бидат главен инструмент на СДСМ за доаѓање на власт. Тие допрва планираат да станат актери во предизборниот период, да нè преплават со спектакуларни прес-конференции, распити и повици во суд. Сакам да им порачам на оние кои со злоупотреба на институциите сакаат да дојдат на власт дека нема да ја остварат целта, туку толку поголема ќе биде победата на ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Груевски.

    Поранешниот премиер најави и дека претстојните избори ќе бидат референдум против она што го прави опозицијата.

    „Две години ги трпиме, нa глава ни се качија. Ќе ги истрпиме уште малку, изборите се за осум недели“, рече тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира