КИНА СТАНА ВТОРА ЗЕМЈА КОЈА УСПЕШНО СПУШТИЛА ЛЕТАЛО НА МАРС

    КИНА СТАНА ВТОРА ЗЕМЈА КОЈА УСПЕШНО СПУШТИЛА ЛЕТАЛО НА МАРСУметнички приказ на роверот „Журонг“ на Марс, кој треба да биде во служба околу 90 дена (Фото: ЦНСА)

    Кина успешно спушти летало на Марс, објавија државните медиуми. Роботот со шест тркала „Журонг“ слетал во Утопија Планитија, простран терен во северната хемисфера на „црвената планета“.

    Кина стана само втора земја која извела ваков подвиг по САД и претседателот Шји Џинпинг го опиша историскиот момент како неверојатно постигнување.

    „Бевте доволно храбри за овој предизвик, прикажавте извонредност и ја сместивте нашата земја меѓу напредните истражувачи на вселената “, стои во пораката на Џинпинг.

    „Журонг“, што значи Бог на огнот, слетал ноќеска после полноќ по македонско време и потоа му требале 17 минути да ги отвори своите соларни панели и да испрати порака на Земјата. Роверот беше донесен на планетата со орбитерот „Тијанвен-1“, кој од февруари го барал најсоодветното место за слетување.

    Целта на „Журонг“ ќе биде да ја испитува геологијата на Марс и научниците се надеваат дека ќе биде во служба барем 90 Марсовски денови (еден ден на Марс трае 24 часа и 39 минути).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира