17 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, 87 НОВИ ПОЗИТИВНИ ОД 2.953 ТЕСТОВИ, ИМА 3.143 АКТИВНИ СЛУЧАИ

    17 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, 87 НОВИ ПОЗИТИВНИ ОД 2.953 ТЕСТОВИ, ИМА 3.143 АКТИВНИ СЛУЧАИВо изминатите 24 часа во Ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 15 нови пациенти. (Фото: СДК.МК)

    Седумнаесет лица починаа во изминатите 24 часа по компликации од ковид-19, а од 2.953 тестирања регистрирани се 87 нови случаи, соопшти Министерството за здравство.

    Пријавени се 5 починати од Скопје (66г,71г,76г,79г и 80г), 3 лица од Тетово (60г,70г и 73г), 2 лица од Куманово (73г и 82г) и по 1 лице од Прилеп (58г), Штип (58г), Кичево (81г), Струмица (59г), Гостивар (47г), Ресен (80г) и Богданци (70г). Од пријавените, две лица се починати во домашни, а останатите 15 во болнички услови.

    Новозаболени се регистрирани во: Скопје – 26, Радовиш – 9, Куманово и Кратово – по 6, Прилеп – 5, Битола, Струмица, Кочани и Кичево – по 4, Неготино и Делчево – по 3, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга и Свети Николе – по 2,Кавадарци, Штип и Крива Паланка – по 1.

    На Инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава лежат 422 и има околу 470 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

    Регистрирани се 197 оздравени пациенти од: Скопје – 91, Прилеп – 25, Охрид – 14, Куманово – 12, Битола – 10, Велес – 7, Струга и Кавадарци – по 6, Штип и Гевгелија – по 4, Кочани, Кичево, Свети Николе и Виница – по 3, Струмица и Берово – по 2, Тетово и Пехчево – по 1.

    Направени се 2.953 тестови преку: ИЈЗ-325, ЦЈЗ Скопје-81, ЦЈЗ Битола-81, ЦЈЗ Прилеп-41, ЦЈЗ Тетово – 32, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-17, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ „8 Септември“-11, Институт за микробиологија–93, МАНУ-86, Жан Митрев (Филип Втори)-239, Авицена-296, Биотек-315, Систина-260, лабораторија Лаор-379, Синлаб-41, Ремедика-58, Плодност–47, Генеа–8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 540.

    Досега во земјата се направени вкупно 763.451 тестирања на ковид-19.

    Од почетокот на коронакризата во земјава се регистрирани 154.891 заболени, оздравени се 146.499, починаа 5.249, а активни случаи се 3.143.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 68323, активни 1241
    Куманово 8789, активни 294
    Прилеп 8277, активни 139
    Тетово 7196, активни 114
    Битола 6275, активни 208
    Велес 5463, активни 79
    Гостивар 5161, активни 56
    Кавадарци 5149, активни 43
    Охрид 4991, активни 191
    Штип 4956, активни 63
    Струмица 4105, активни 90
    Струга 2974, активни 70
    Кочани 2780, активни 53
    Кичево 2544, активни 81
    Гевгелија 2190, активни 29
    Неготино 2182, активни 24
    Свети Николе 1521, активни 41
    Ресен 1233, активни 40
    Крива Паланка 1219, активни 8
    Радовиш 1149, активни 67
    Берово 1027, активни 6
    Делчево 970, активни 30
    Дебар 938, активни 5
    Виница 874, активни 55
    Пробиштип 789, активни 16
    Валандово 665, активни 6
    Богданци 493, активни 6
    Крушево 488, активни 22
    Демир Хисар 397, активни 21
    Демир Капија 396, активни 2
    Кратово 373, активни 21
    Македонски Брод 358, активни 3
    Пехчево 267, активни 2
    Македонска Каменица 247, активни 17
    Дојран 132, активни 0

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира