УШТЕ 16 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 И 50 ПОЗИТИВНИ ОД 2.533 ТЕСТОВИ

    УШТЕ 16 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 И 50 ПОЗИТИВНИ ОД 2.533 ТЕСТОВИДосега во земјата се направени вкупно 765.984 тестирања на ковид-19. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Шеснаесет лица починаа по компликации од ковид-19 во изминатото деноноќие, а од 2.533 тестови ресгистрирани се 50 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

    Пријавени се 4 починати лица од Тетово (72г,77г,84г и 85г), 3 лица од Куманово (61г,62г и 81г) и по 1 лице од Скопје (70г), Прилеп (68г), Виница (73г), Струмица (67г), Велес (70г), Кочани (75г), Струга (70г), Неготино (47г) и Македонска Каменица (70г). Од пријавените, две лица се починати во домашни, а останатите 14 во болнички услови.

    Нови случаи на ковид-19 се регистрирани во: Скопје – 26, Битола – 7, Куманово – 6, Прилеп, Охрид и Струга – по 2, Гостивар, Кочани, Дебар, Виница и Кратово – по 1.

    Регистрирани се 133 оздравени пациенти од: Скопје – 58, Куманово и Прилеп – по 10, Виница – 8, Струмица – 6, Охрид, Штип и Радовиш – по 5, Велес – 4, Гостивар, Кичево и Свети Николе – по 3, Битола, Кочани и Кавадарци – по 2, Струга, Тетово, Ресен, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија – по 1 .

    На Инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава лежат 391 болен и има околу 450 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

    Направени се 2.533 тестови преку: ИЈЗ-237, ЦЈЗ Скопје-49, ЦЈЗ Битола-49, ЦЈЗ Прилеп-51, ЦЈЗ Тетово – 18, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-5, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ „8 Септември“-8, Институт за микробиологија–85, МАНУ-89, Жан Митрев (Филип Втори)-245, Авицена-336, Биотек-377, Систина-255, лабораторија Лаор-176, Синлаб-51, Ремедика-47, Плодност–28, Генеа–21, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 404.

    Досега во земјата се направени вкупно 765.984 тестирања на ковид-19.

    Вкупно ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата се 154.937,  оздравени се 146.632, починаа 5.265, а активни случаи се 3.040.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 68344, Активни 1204
    Куманово 8795, Активни 287
    Прилеп 8280, Активни 130
    Тетово 7196, Активни 109
    Битола 6282, Активни 213
    Велес 5463, Активни 74
    Гостивар 5162, Активни 54
    Кавадарци 5149, Активни 41
    Охрид 4993, Активни 188
    Штип 4956, Активни 58
    Струмица 4105, Активни 83
    Струга 2976, Активни 70
    Кочани 2781, Активни 51
    Кичево 2544, Активни 78
    Гевгелија 2190, Активни 29
    Неготино 2182, Активни 23
    Свети Николе 1521, Активни 38
    Ресен 1233, Активни 39
    Крива Паланка 1219, Активни 8
    Радовиш 1149, Активни 62
    Берово 1027, Активни 6
    Делчево 970, Активни 30
    Дебар 939, Активни 6
    Виница 875, Активни 47
    Пробиштип 789, Активни 15
    Валандово 665, Активни 6
    Богданци 493, Активни 5
    Крушево 488, Активни 22
    Демир Хисар 397, Активни 20
    Демир Капија 396, Активни 1
    Кратово 374, Активни 22
    Македонски Брод 358, Активни 3
    Пехчево 267, Активни 2
    Македонска Каменица 247, Активни 16
    Дојран 132, Активни 0

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира